ВИДЕО: Шумуликоски со ЕВРОГОЛ од слободен удар му донесе победа на Словацко

Ниту возраста не му пречи на поранешниот македонски репрезентативец, Величе Шумуликовски да игра нови одлични партии за својот тим Словацко во првенството на Чешка.

Искусниот играч за врска, денес донесе голема победа за својот тим Словацко над Прибрам, откако погоди за 1-0 со одличен удар од слободен удар.

За македонскиот интернационалец Шумуликовски, денешниот гол беше прв сезонски погодок и потврда за континуитетот.