ВИДЕО: Шумуликоски ја заврши сезоната со стил, погоди против големата Спарта Прага

Македонскиот интернационалец Величе Шумуликоски ја заврши сезоната со стил во дресот на неговиот клуб Словачко, откако погоди во дерби-дуелот против Спарта Прага (1-1).

Словачко се спаси од пораз благодарение на Шумуликоски, кој успеа во 72. да погоди со глава по еден изведен корнер. Топката ја нафрли Хавлик, а нашиот фудбалер ја стресе мрежата на противникот.

За Шумуликоски ова беше втор гол во сезоната во чешкото првенство.