„Шумарите“ на Нуно се засилија со квалитетен бразилски голгетер

Премиерлигашот Нотингем Форест се пофали со ново засилување за новата сезона. „Шумарите“ го доведоа во своите редови Бразилецот Игор Жесус, кој досега настапуваше за екипата на Ботафого

Договорот е со важност до 2029 година, а бразилскиот клуб доби единаесет милиони евра како отштета за трансферот. 

Жесус беше стрелец на 17 голови во изминатите две сезони, на вкупно 59 одиграни натпревари. Двапати стрелаше и на Светското клупско првенство, каде неговиот тим загуби во осминафиналето од Палмеирас