• Саше Љолес
Екипата на Нотингем Форест оствари уште една важна победа во Премиер лигата, овој пат на гости кај Тотенхем со конечни 1-2 (0-2) во натпреварот од 33. коло.
„Шумарите“ на Нуно Еспирито Санто уште на стартот покажаа дека се дојдени по целиот плен и создадоа неколку одлични шанси кои беа искористени од Елиот Андерсон и Крис Вуд. Гостите водеа со 0-2 по само шеснаесет минути игра, а имаа и еден поништен гол поради офсајд.
Тотенхем заигра подобро до крајот на првиот дел, но не успеа да ја затресе мрежата, а слична слика видовме и во вторите 45 минути. „Петлите“ на Анге Постекоглу се трудеа со сите сили да се вратат во резултатска неизвесност и успеаја да намалат на 1-2 преку Ричарлисон во финишот на мечот, но немаа сили за израмнување и барем еден бод пред својата публика.
- Извештај од натпреварот:
Нотингем сега има 60 бода и се врати на третата позиција на табелата, додека Тотенхем продолжува со очајните изданија и останува на шеснаесеттото место во премиерлигашката конкуренција.