„Шумарите“ и „овните“ играат за парче сребро во Чемпионшип

Трофејната сала секоја година е сè побогата во Источен Мидлендс. Не зборуваме за шампионски титули и купови во кои учествуваат Нотингем Форест и Дерби бидејќи сите знаеме дека тие не ги освојуваат со децении. Тоа е пехар кој има посебна вредност за „шумарите“ и „овните“. Парче сребро, вредно злато. Буквално. Наречен по вистинската и најголема легенда на двата клуба, Брајан Клаф, тренерот кој направи чуда на клупата на овие тимови, како што никогаш на „Сити Гаунд“ или “Прајд Парк“ подоцна не беа видени. И сигурно, не и наскоро...

Дербито на Источен Мидлендс секогаш привлекува големо внимание во јавноста. Тоа е ривалство што се должи на географијата, но и на влијанието на легендарниот стратег, при што приврзаниците на Нотингем и Дерби сè уште се расправаат, тврдејќи дека срцето на човекот за кој се снимени филмови и пишувани се книги, кој им донесе титули шампиони во Англија, Лига купот и двапати ги искачи „шумарите“ на кровот на Европа, повеќе биеше за едниот, отколку за другиот.

Квотите од натпреварот Нотингем Форест - Дерби

И тогаш станува јасно колкава тежина носи дуелот на отворањето на 7. коло на Чемпионшип во „Сити Гаунд“ (20:45 часот), кое од 2007 година го носи името „Трофеј Брајан Клаф“. И навистина, победникот на натпреварот добива пехар.

Квотите од останатите натпревари во Чемпионшип

Претстојните пресметки на пулените на Крис Хјутон и Филип Коку се од големо значење за амбициите на двата состави, кои сезоната ја започнаа размислувајќи за промоција, а ако продолжат со вакво темпо, реално е да се плашат за опстанок. Домаќинот во воведните шест рунди собра четири, а гостинот бод помалку, со тоа што кај „шумарите“ се забележува тренд на напредок, додека „овните“ повторно тонат по изненадувачкото славје над Норич на почетокот од месецов.