ВИДЕО: Штутгарт знае да победи и без головите на Ундав

Екипата на Штутгарт продолжува со одличните резултати во Бундеслигата, откако забележа убедлива победа од 4-0 против Хамбургер, со што направи значаен чекор во трката за пласман во Лигата на шампиони.

  • Штутгарт - Хамбургер 4-0:

Иако вториот стрелец во лигата, Дениз Ундав, немаше свој ден, промаши пенал и беше дел од тензија на теренот, неговиот тим без проблеми стигна до убедлив триумф.

Головите за домаќините ги постигнаа Анџело Штилер, Крис Фирих, Максимилијан Мителштет и Ел Канус, со што комплетираа доминантна партија. Штутгарт во моментов се наоѓа на делба на третото место на табелата заедно со РБ Лајпциг, а формата која ја демонстрира најавува жестока борба за место меѓу европската елита до крајот на сезоната.

  • Келн - Вердер 3-1:

Важна домашна победа запиша и Келн, кој пред своите гледачи го совлада Вердер со 3-1.