• Мартин Танасковски
Екипата на Штутгарт ги изненади своите фанови и направи чекор назад во битката за Европа преку Бундеслигата, со домашен пораз против Хајденхајм (0-1) кој е давеник на табелата.
„Швабите“ важеа за големи фаворити, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на гостите. Трипати ја погодија стативата, еднаш во првото, уште двапати во второто полувреме, па следеше шок.
Голот вреден три гола за Хајденхајм го даде Австриецот Матиас Хонсак, кој тукушто се врати од повреда и отсуство од пет меча. Влезе во игра во 79. минута, а десет минути подоцна погоди по асистенција на Шопнер и тоа на атрактивен начин.
- Извештај од натпреварот:
Штутгарт е единаесетти во Бундеслигата, додека Хајденхајм е шеснаесетти.