ВИДЕО: Штутгарт со пет гола ја отвори сезоната, минималец на Волфсбург против Бохум

Екипата на Штутгарт ја забележа најубедливата победа од попадневната програма од првото коло на Бундеслигата, откако на свој терен со 5-1 (2-0) го совлада повратникот во елитата, Гројтер Фирт.

Голеадата на „Мерцедес-Бенц Арена“ ја најави Енбо со погодок во 30. минута, додека шест минути подоцна Клемент погоди за комотни 2-0 за Штутгарт на полувреме. На самиот старт на вториот дел Кемпф реализира за нова домашна радост, додека во листата на стрелците се запиша и Ал Гадиоуи.Во 76. минута Кемпф го постигна својот втор гол, додека конечните 5-1 ги постави Левелинг во 93. минута. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлонов не доби шанса за докажување и мечот го преседе на клупата за резерви.

  • Штутгарт - Гројтер Фирт 5-1:

Стартни три бода освои и тимот на Волфсбург. Еден од кандидатите за највисок пласман на табелата на свој терен со минимални 1-0 беше поуспешен од Бохум, кој уште од четвртата минута играше со играч помалку и немаше сили да се надигрува со фаворизираниот противник. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Видхорст во 22. минута. Претходно, истиот фудбалер не реализира удар од единаесет метри.

  • Волфзбург - Бохум 1-0: 

Тимот на Хофенхајм е единствениот гостин кој попладнево им се радуваше на трите бода во првото коло од Бундеслигата. Ланскиот учесник во Лигата на Европа со головите на Ларсен, Адамјан, Рутер и Руди со 0-4 го совлада Аугсбург.

  • Аугсбург - Хофенхајм 0-4:

Без победник завршија натпреварите Арминија Билифилд – Фрајбург (0-0) и Унион Берлин – Баер Леверкузен (1-1).

  • Унион Берлин - Баер Леверкузен 1-1: 

  • Арминија Билифилд - Фрајбург 0-0:

Полладнево на „Сигнал Идуна Парк“ играат Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт. 

Состави

Pellegrino Matarazzo

3-4-2-1

    Stefan Leitl

    4-4-2