• Саше Љолес
Управата на Штутгарт го продолжи договорот на тренерот Себастијан Хенес, кој ќе остане предводник на екипата до јуни 2028 година.
42-годишниот стратег го презема тимот кога беше последен на табелата, успеа да избори опстанок преку плеј-офот, а во следната сезона беше вицешампион и го одведе Штутгарт во Лигата на шампионите.
Во моментов „швабите“ имаат 37 бода, со добри шанси да се изборат за пласман во евро-куповите. Клубот е во добра позиција во Купот на Германија, каде го очекува полуфинална пресметка со РБ Лајпциг.