• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Штутгарт се пласираа во финалето на Купот на Германија, откако го победија Фрајбург со 2-1 по продолженија на домашен терен. Фрајбург поведе во 28. минута со голот на Максимилијан Егештајн, а Штутгарт израмни во 61. минута, кога Анџело Стилер постигна прекрасен гол. Сепак, неговиот гол беше поништен поради офсајд.
Штутгарт успеа да израмни девет минути подоцна со голот на Дениз Ундав. Резултатот остана непроменет до крајот на регуларното време, а „швабите“ победија во последните моменти од второто продолжение. Тиаго Томас го постигна победничкиот гол со пета за домашниот тим во 119. минута и предизвика екстаза од одушевување кај домашните фанови.
Штутгарт, кој ја брани титулата во Купот, во финалето ќе игра против Баерн Минхен, кој во среда го победи Баер Леверкузен на гостински терен со 0-2. Финалето на Купот на Германија е закажано за 23 мај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.






