ВИДЕО: Штутгарт им се врати на победите и го „тресна“ Баер во Леверкузен!

Екипата на Штутгарт конечно оствари победа во Бундеслигата откако убедливо славеше кај Баер Леверкузен (2-4) во натпреварот од осмото коло. 

  • Баер Леверкузен - Штутгарт 2-4:

„Швабите“ имаа два порази во серија, но одиграа маестрално на денешниот меч и заслужено ги впишаа трите бода. Демировиќ и Левелинг стрелаа за гостите во првото полувреме, а резултатот на паузата го постави Патрик Шик во 28. минута (1-2). Штутгарт продолжи со силниот налет и постигна уште два гола во вториот дел. Најпрво Ел Канус зголеми на 1-3, а потоа Демировиќ со својот втор гол донесе огромна предност и комотна завршница за својот тим. 

„Фармацевтите“ до крајот на мечот успеаја да погодат преку Ибрахим Маза, но немаа сили за евентуална сензација и враќање во резултатска неизвесност. Штутгарт сега има девет бода на табелата, а Леверкузен има четири повеќе и се наоѓа на шестата позиција. 

Фрајбург извојува гостинска победа кај Аугзбург со конечни 1-2, РБ Лајпциг го надигра Шалке со 0-2, со истиот резултат Вердер Бремен го победи Хофенхајм, а бодовите ги поделија Борусија Менхенгладбах и Падерборн (0-0). 

Состави

Carles Martinez

4-2-3-1

    Sebastian Hoeness

    3-4-2-1