Што виде судијата Оченаш: Спорен пенал за Чешка со Македонија (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на чешката фудбалска селекција, Патрик Шик, по пауза од скоро една години конечно стрелаше во националниот дрес.

На натпреварот со Македонија, напаѓачот на Баер Леверкузен го совлада нашиот Столе Димитриевски, откако беше прецизен од 11 метри. Ударот на одличниот напаѓач беше речиси перфектен и неодбранлив, но и тоа како беше сомнителна одлуката на судијата Оченаш да досуди најстрога казна за Чесите, по дуелот на Муслиу со еден домашен фудбалер.

  • Погледнете и проценете сами дали Македонија е оштетена против Чешка:

За нашата селекција ова е последен контролен натпревар за оваа сезона. Во новата ги започнуваме настапите во Лигата на нациите.