• Мартин Танасковски
Македонија е подготвена за старт на квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Квалификациската група носи возбудливи пресметки, а се цели да се нападне прво учество на планетарниот фудбалски собир.
„Рисовите“ на Благоја Милевски се наоѓаат во група заедно со селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Белгија и Велс според коефициентот важат за кандидати за првите две места на табелата. Тоа го велат и процентите кои ги составија статистичарите.
Во нашата група Ј, Македонија има 12% шанси да биде прва, 25% да биде втора и да игра бараж, а најреално е да завршиме третопласирани затоа што таму стојат 42%. Четвртото место е ако Казахстан не изненади, шансите за такво нешто се 20%, додека за последното место нема шанси, тоа е само 0,2%.
Фаворит за првото место и директниот пласман на СП 2026 е Белгија на која ѝ даваат 58% да биде лидер по крајот на квалификациите, додека за второто место фаворит е Велс со 40%. Дека Казахстан ќе биде четврти, стои 67%, а Лихтенштајн е апсолутен аутсајдер во групата и дека ќе заврши последен е 97%.