Што велат квотите: Кој ќе ја освои Лигата на шампионите?

Стартот на Лигата на шампионите е зад аголот. За околу 24 часа стартуваат натпреварите во елитното друштво, а букмејкерите ги подготвија квотите за тоа кој ќе биде шампион.

Според квотите во обложувалницата Mozzart, прв фаворит за „долгоушкото“ е актуелниот првак Манчестер Сити. За екипата на Пеп Гвардиола да го одбрани трофејот во престижното натпреварување, квотата е 3,50.

Втор фаворит за титулата е Баерн Минхен со 7,00 квота, па следат Реал Мадрид со 10,00 и Арсенал со 12,00 квота. Петтиот тим на листата е Барселона со квота 15,00, па следи Манчестер Јунајтед со 20,00. Миланските тимови Интер и Милан носат добар профит ако станат европски шампиони - 30,00 и 50,00 квота.

Целосната листа за шампиони на Лигата на шампионите во Mozzart можете да ја погледнете ОВДЕ.