Што велат експертите: Дали Суперлигата навистина е „мртва“?

Перез Лапорта

Фудбалскиот свет како да се помири со фактот дека Суперлига никогаш нема да се случи. Но, тоа не се најавите на Флорентино Перез и Жоан Лапорта, првите луѓе на Реал Мадрид и Барселона.

Тие велат дека проектот и натаму може да се реализира и дека екипите не се откажале од идејата. Дури и оние кои јавно велат дека погрешиле со овој потег, под притисок на јавноста и нивните навивачи.

Познати адвокати велат дека проектот на најбогатите клубови од Европа е легален и дека може да се реализира во иднина. Нивна проценка е дека УЕФА и ФИФА немаат никакви основи да спречат формирање на ново натпреварување, пишува „Дејли Мејл“.

Највисоките фудбалски органи се заканија дека ќе ги санкционираат „бунтовниците“. Меѓутоа судијата во Мадрид верува дека фудбалските тела ја злоупотребиле својата позиција на доминација според законот за конкуренција и клубовите се всушност слободни да создаваат ривалски натпреварувања. 

Секако дека јавното мислење ќе одигра важна улога при имплементирањето на Суперлигата. Засега фановите се на страна на УЕФА и ФИФА, па тоа ќе го одложи формирањето на лигата, која Перез ја смета како „спасител“ на европскиот фудбал.