Што уште треба да направи Ливерпул? Има историски старт на ПЛ, а пак е на второто место...

Ливерпул серија

Вчерашниот пресврт на гостувањето кај Барнли за Ливерпул го донесе најдобриот старт во својата историја во Премиер лигата.

Со 12 победи и три реми средби, фудбалерите на Јирген Клоп испишаа историска страница во клубот, кој сепак мора да се задоволи со второто место. На врвот на табелата се наоѓа Манчестер Сити, кој има два бода повеќе. 

Тешко дека некој ќе застане на патот на залетаните „граѓани“ , кои се без конкуренција во англискиот шампионат. Ако се земе предвид дека тимовите на Пеп Гвардиола играат уште подобро неколку сезони по неговото доаѓање, црно им се пишува на останатите екипи.

Очигледно дека ќе решава меѓусебниот дуел на пролет, кој ќе се одигра на „Итихад“. На првиот меч на „Енфилд“, мрежите мируваа и екипите поделија по бод.