Што ти значи љубов кон клубот: Патуваше 1.500 километри и сам ги бодреше фудбалерите (ВИДЕО)

Навивач на португалскиот клуб Арука патувал 1.500 километри и бил единствениот поддржувач на тимот на гостувањето против Санта Клара.

Санта Клара е од Азорските Острови, „точка“ многу далеку од португалското копно. Арука освои бод на тој натпревар (0-0), што беше многу важен во борбата за опстанок, бидејќи е во зоната за испаѓање со 13 бода.

Овој навивач го гледал натпреварот на северната трибина, а по натпреварот сите играчи на Арука отишле да го поздрават. Секој од нив му се приближил, го прегрнал и му се заблагодарил за поддршката.