Што се случува во ПСЖ: Почетино рекол „збогум“!?

Францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен многу веројатно во следната сезона ќе има нов предводник на клупата. 

Она што пред неколку дена излезе на виделина, а во Франција имаше обиди да се демантира, денес доби потврда. Тренерот Маурицио Почетино во експресен рок ги напушта редовите на ПСЖ. 

Специјализираниот интернет медиум за фудбал, „Гол“ ексклузивно објави дека аргентинскиот стратег веќе имал разговор со челните лица на парискиот клуб и им соопштил дека сака да го напушти клубот, по само пет месеци заедничка соработка.

Веќе е познато дека Почетино подолго време е мета на Реал Мадрид и Тотенхем и многу веројатно својата кариера ќе ја продолжи во еден од овие клуба. Двата гиганти немаат тренер, па чекаат на одлука на аргентинскиот стратег.