Што се случува со Велешта - клубот е пред гаснење!?

Екипата на Велешта ги заврши настапите во Втората лига - Запад и испадна во третолигашкото друштво, а според досегашните информации, ситуацијата не е сјајна на финансиски план и иднината е неизвесна.

На официјалната страница на клубот каде редовно се споделуваа информации за тимот и каде се објавуваа резултатите од натпреварите во сезоната во ВМФЛ-Запад, објавено е дека иднината на Велешта е под знак прашалник.

„Велешта, клуб кој е стар скоро 70 години, се наоѓа пред исчезнување“, стои во објавата на клубот.

Клубот од струшкиот регион може да ја доживее судбината на повеќе клубови и да исчезне, или да остане подолго во понизок ранг, ако ситуацијата не се стабилизира.