Што се случува со Вардар: Заминува и Словенецот Шушњара?

Екипата на Вардар ја заврши сезоната и обезбеди опстанок во Првата лига, но, засега, странските играчи си заминуваат од екипата.

Следното име за кое се најавува заминување од „црвено-црните“ е словенечкиот играч Лука Шушњара. 27-годишното крило играше важна улога во тимот на Горазд Михјалов, но според досегашните најави ќе има нова средина во периодот кој следи.

Шушњара е уште еден од низата играчи кои од Вардар си бараат нова средина. Проблем во минатата сезона беа финансиите, а се чека расплет на иднината на „црвено-црните“ и дали тие ќе имаат финансиска инјекција во новата сезона, или ќе останат со регуларната помош од „Комитите“ и од неколку други општини.

Словенецот во сезоната во ПМФЛ одигра 14 натпревари на кои даде три гола и имаше една асистенција. Клубот досега потврди заминување на две имиња, тоа се Дарко Глишиќ и Сусо, но листата е подолга и се очекува известување за клупската иднина.