Што се случува со Пеп? Вака немоќен не бил никогаш во кариерата

Манчестер Сити им приреди ново големо разочарување на своите фанови оваа сезона, откако иако беше голем фаворит, заслужено со наведнати глави го напушти „Итихад“, по поразот од градскиот ривал Јунајтед од 1-2. 

Со овој неуспех „граѓаните“ по 16. одиграни кола во Премиер лигата имаат дури 14 бода помалку од лидерот Ливерпул, негатива која Пеп Гвардиола никогаш не ја вкусил во својата тренерска кариера. 

Шпанскиот стратег од своите почетоци во Барселона (2008 година), па се до денес, никогаш не освоил помалку бодови по 16 одиграни кола во еден шампионат. 

Ако се водиме по историјата, Сити е пред невозможна мисија оваа сезона, затоа што ниту една екипа не надоместила негатива од 14 бода и стигнала до титулата.