• Горан Упале
Пари Сен Жермен минатата сезона доминираше на сите фронтови и сосема заслужено стигна до титулите во Лигата на шампионите и Лига 1, но почетокот на новата сезона е далеку од идеален.
Екипата на Луис Енрике сè уште нема победа во официјален натпревар. По поразот од Ленс во Суперкупот, ПСЖ одигра 2-2 со Рен, потоа едвај се спаси од пораз против Лил (2-2), а викендов доживеа ново разочарување и пораз од Монако со 1-2 на домашен терен.
Само два освоени бода во првите три кола е премалку за актуелниот шампион на Франција и Европа, а статистиката дополнително покажува колку лошо тргна сезоната за парижаните. Имено, ваков старт ПСЖ немал уште од сезоната 2012/13, кога исто така не успеа да слави на првите три натпревари против Лориен, Ајачио и Бордо.
По спектакуларната мината сезона, ПСЖ сега се соочува со неочекувана криза уште на самиот почеток.






