Што сакаат уште? Мадридистите пред да излезе Азар порачаа: „Го сакаме Мбапе“ (ВИДЕО)

Пред два дена беше комплетиран најголемиот трансфер ова лето, откако Еден Азар и официјално од Челзи се пресели во редовите на Реал Мадрид. 

Еден од најдобрите фудбалери на планетата во шпанската престолнина пристигна како големо засилување, но фановите на Реал сè уште не се задоволни. Над 50.000 мадридисти беа присутни на официјалното преставување на Азар на „Сантијаго Бернабеу“, а пред да излезе белгискиот ас во еден глас порачаа: „Го сакаме Мбапе“. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

"We want Mbappe". On the day of Eden Hazard's unveiling, Real Madrid fans had only one thing on their mind...

A post shared by SPORTbible (@sportbible) on

Француската сензација е силно поврзуван со премин во Мадрид, но според последните најави најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ, каде пред две сезони премина од Монако.