ВИДЕО: Што сакаа да направат? Почетниот удар на Гвинеја никому не му е јасен

Социјалните мрежи се преплавени со смешниот почетен удар на фудбалерите на Гвинеја Бисау. Во рамките од второто коло од групната фаза од Купот на африканските нации, Гвинеја Бисау со 2-1 е поразена од Камерун, но почетниот удар на поразената екипа стана мета на исмејување на социјалните мрежи. 

Кога ќе го погледнете начинот на кој е изведен сигурно ќе се запрашате – што сакаа да направат?