ФОТО: Што правеше Зидан по крвничкиот старт на Касемиро врз Милнер?

Зидан Милнер

Почетокт на мечот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид донесе неколку тензични моменти. Најпрво судијата пропушти да го санкционира Џејмс Милнер поради грубиот старт врз Карим Бензема.

Гостите покажаа дека нема да дозволат таков третман, па возвратија неколку минути подоцна. Касемиро закасни со стартот и го „собра“ Милнер, како одмазда за случувањата претходно.

Целата ситуација ја одбележа Зинедин Зидан на чие лице се забележа насмевка додека траеше гужвата пред клупата на домашниот тим. 

На крајот одново се смееше францускиот тренер, кој успеа да го надмудри Јирген Клоп и да го однесе својот тим во уште едно полуфинале во Лигата на шампионите.