• Мартин Танасковски
Брајан Зарагоса игра магичен натпревар за Гранада против Барселона, а даде два гола во мрежата на Каталонците во првото полувреме, од кој вториот беше вистинско ремек-дело.
Се играше 29. минута кога Гумбау испрати длабочинска топка до Зарагоса. Тој ја смири, а потоа ги измести дефанзивците на Барселона и атрактивно ја смести топката во мрежата на фаворитот.
- Голот на Брајан Зарагоса:
Истиот играч и претходно блесна затоа што му даде гол на големиот фаворит за само 16 секунди.