• Мартин Танасковски
Луис Диаз продолжува да игра во одлична форма за Баерн Минхен и постигна неверојатен погодок во Бундеслигата на натпреварот против Унион Берлин.
Офанзивецот на „баварците“ спаси една топка да го напушти теренот со лизгачки старт, а потоа си обезбеди позиција од која погоди од мртов агол во мрежата на противникот во германската елита.
Со овој погодок, Диаз продолжи да постигнува голови по двата на натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите.












