Што му кажал Албулајхи на Меси по водечкиот погодок за 2-1

Меси

Голема прашина се крена околу моментот кога Али Албулајхи го допре грбот на Лионел Меси и започна да му зборува на провокативен начин.

Тоа се случуваше неколку секунди по водечкиот погодок на Саудиска Арабија против Аргентина. Ден по мечот, дефанзивецот откри кои биле неговите зборови кон аргентинскиот ас.

„Му кажав дека нема да победат. Го допрев на грбот и му реков дека нема шанси да нè победат по тој момент“, изјави Албулајхи.

Големиот фаворит падна на колена пред аутсајдерот на првиот меч на Мундијалот. Јужноамериканците сега нема да имаат право на нова грешка, на следните два дуели против Мексико и Полска.

Состави

Лионел Скалони

4-1-4-1

    Ерв Ренар

    4-5-1