Што ли спремаат Саудијците? Мундијалот во 2034 ќе се игра на 48 степени

Саудискиот министер за спорт, принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фајсал, најави дека има шанси Светското првенство во 2034 да се одржи во вообичаениот летен период.

Светското првенство, наводно, ќе се одржи и покрај екстремните температури кои се вообичаени на Блискиот Исток во тој период од годината.

„Не, ние сериозно ги разгледуваме можностите кога станува збор за играње на првенството во лето“, рече принцот Абдулазиз кога доби прашање дека турнирот повторно ќе се игра во екот на клупската натпреварувачка сезона.

Зошто да не ги разгледаме можностите? Се занимаваме со тоа“, додаде тој, но не откри детали и дали станува збор за можни стадиони кои ќе бидат покриени и климатизирани.

Температурите во Саудиска Арабија во лето достигнуваат и до 48 степени.