ВИДЕО: Што ли се случува со Роналдо? Промаши цела топка за чист гол против Наполи

Екипата на Јувентус го игра еден од најважните натпревари оваа сезона во Серија А. Откако ја загуби битката за титулата, сега до крајот на сезоната нема многу простор за нови киксеви, затоа што сериозно може да биде загрозена и позицијата која што води во Лигата на шампионите. 

Вечерва, „старата дама“ го игра дербито со Наполи (заостанат натпревар од третото коло), а фановите на шампионот одново се лути на Кристијано Роналдо. Првиот ас на тимот уште во втората минута од дуелот во Торино имаше зицер позиција за да го отвори резултатот, но на чудесен начин ја промаши цела топка со глава од само три метри.

  • Промашувањето на Роналдо против Наполи:

Вакви промашувања португалскиот ас имаше и на натпреварот со Порто во Лигата на шампионите, но и во дресот на португалската репрезентација во мартовските квалификации.