• Мартин Танасковски
Руската Суперлига се одигра овој викенд, а неверојатно промашување доаѓа од Ростов каде играч на домашните ги шокира сите откако не успеа да реализира од изгледна позиција.
Ростов имаше предност од два гола против ЦСКА, а во обидот да се дојде до трет гол, во шанса влезе Коран Бајрамјан. Играчот го мина дури и голманот, но од левата страна откосо не успеа да реализира.
Сите беа изненадени од промашувањето, а за неговата тежина говори и реакцијата на коментаторите на ТВ-преносот.