ВИДЕО: Што ли само кажа? Ибра доби директен црвен поради приговор!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ не го дочека крајот на натпреварот меѓу Парма и Милан поради директен црвен картон.

Се играше 60. минута од натпреварот, а по еден прекршок врз Хакан Чалханоглу, Ибрахимовиќ нешто му дофрли на арбитарот. Судијата Ди Бело не размислуваше долго и му додели директно исклучување на главниот напаѓач на тимот.

  • Црвениот картон на Ибрахимовиќ:

Се очекува во наредниот период да биде познато што направи Ибрахимовиќ и зошто судијата се одлучи на ваков строг потег.