• Иван Димовски
Фудбалерите на Реал Мадрид рутински ја завршија работата на гостувањето кај Кадиз (0-3), во натпреварот од 14. коло на шпанската Примера. Сепак, еден негативен момент го одбележа натпреварот, кој за среќа на „кралевите“ не влијаеше на исходот.
Во 54. минута се случи бизарна сцена во која не се прослави искусниот напаѓач Хоселу. Младиот Родриго излета сам пред голот на Кадиз, го навлече голманот и сакаше да го проигра соиграчот. Топката беше малку непрецизна, а и веројатно го фати Хоселу на изненадување.
Um dos lances mais INACREDITÁVEIS da história.
Rodrygo deu o gol pro Joselu, era só tocar na bola e ela entraria no gol aberto
O cara fez isso aí
Por muito menos o Benzema já tinha metido um "NÃO TOQUE PARA ELE, ELE ESTÁ JOGANDO CONTRA NÓS"
pic.twitter.com/zfaSds7967— Sala12 (@OficialSala12) November 26, 2023
Исходот беше гол-аут за Кадиз и неверување на Хоселу и соиграчите што направија. Сепак, оваа ситуација не беше пресудна на натпреварот и Реал прилично рутински дојде до победата.