ВИДЕО: Што ли мислеше да направи - Сенад Лулиќ го промаши невозможното!

Фудбалерите на Лацио славеа победа од 2-1 против Аполон на стартот на новата Лига Европа, а покрај одличниот прв гол на Луис Алберто, мечот го одбележа и големото промашување на Сенад Лулиќ во финишот на мечот.

Босанецот најпрво го мина голманот на Аполон, потоа го измести и дефанзивецот кој беше пред голот, за да на крајот го промаши невозможното - празен гол.