Што кажа Рангник лани за еден ас на Јунајтед: Не сум сигурен дека е квалитетен за ваков клуб

Искусниот германски стручњак Ралф Рангник (63) наскоро треба да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед. Германецот веќе постигнал шестмесечен договор со англискиот гигант, а потоа во следните две години ќе ја извршува функцијата спортски директор 

Неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ наскоро треба да се официјализира, а еден играч на „црвените ѓаволи“ нема да биде премногу среќен што Рангник пристигнува во клубот. Тоа е англискиот репрезентативец Лук Шо, чија игра Рангник ја коментираше минатата година и рече дека левиот бек не е играч на Јунајтед.

„Мислам дека им треба лев бек. Знам дека го имаат Лук Шо, но не сум сигурен дека тој е на нивото на кое треба да бидеш за клуб како Манчестер Јунајтед“, изјави германскиот стручњак во септември минатата година.

Шо е член на Манчестер Јунајтед од 2014 година, за „црвените ѓаволи“ одигра 201 натпревар и постигна три гола.