Што ја чека Македонија во новата сезона од Лигата на нациите?

Фудбалската репрезентација на Македонија ја чека ждрепката за баражот за СП 2022, но потоа следи уште една, која е за новото издание во Лигата на нациите на УЕФА.

Нашиот национален тим обезбеди промоција и ќе игра во Лигата Ц. Таму Македонија според рејтингот ќе биде во вториот шешир заедно со Грција, Белорусија и Луксембург, што значи дека овие репрезентации не може да ни се ривали.

Од првиот шешир, Македонија може да ги добие Турција, Словачка, Бугарија или Северна Ирска. Од третиот можни ривали се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово, додека од последниот доаѓаат Казахстан/Молдавија, Кипар/Естонија, Гибралтар или Фарски Острови.

Ждрепката за новата сезона од Лигата на нациите која стартува од 2 до 8 јуни 2022 година ќе се одржи на 16 декември.