• Горан Упале
Несекојдневна ситуација овој викенд се случи во Норвешка. Денис Антви го постигна својот гол првенец за тимот на Старт, па ја направи можеби најголемата грешка во својот живот, кога дотрча голот да го прослави пред противничките навивачи на Лилестром. Со оглед на тоа дека Антви е новајлија во тимот не знаеше на која трибина се фановите на Старт, па за негова несреќа отиде на погрешната трибина.
Овој негов потег беше како зицер на фановите на Лилесторм кои веднаш го искористија. Еден од нив влета в терен и го удри Антива, а реакцијата на фудбалерот е навистина непроценлива - Остана потполно збунет.