• Редакција Gol.mk

Српскиот гигант Црвена Звезда организираше свечен чин пред натпреварот против Текстилац во Првата лига. Отворен беше споменикот посветен на Драгослав Шекуларац.
„Втората звездина звезда“ доби споменик на западната страна на стадионот и истата можеа да ја видат навивачите на клубот, кои уште пред седум години можеа да сведочат на сличен чин во чест на „првата звездина звезда“, Рајко Митиќ“, се вели во соопштението на клубот од Белград.
Шекуларац постхумно добива огромна чест од Црвена Звезда поради фактот што важеше за „крал на дриблинзите“ на овие простори. Драгослав Шекуларац е роден во Штип на 8 ноември 1937 година и во својата кариера 369 пати го носеше дресот на Црвена Звезда.
Постигна 115 гола и освои осум титули, а важи за еден од најдобрите играчи во историјата на „црвено-белите“. Споменикот изработен од Ливница Јеремиќ, но станува збор за дело на академскиот вајар Томо Коматина.
Пред неколку години Шекуларац доби споменик во негова чест во родниот Штип.