Штимац во одбрана на Јеличиќ: „Гатузо има среќа што не бев јас таму...“

Натпреварот меѓу Риjека и Хајдук остана во сенка на конфликтот меѓу тренерот на сплитскиот гигант, Џенаро Гатузо и телевизискиот стручњак и поранешен фудбалер, Јошко Јеличиќ.

На оваа тема се осврна и Игор Штимац, поранешен играч на Хајдук, но во исто време и личност кон која голем број фанови на Хајдук не покажуваат ни трошка симпатија.

„Иако јас му бев кум на Јошко на неговата свадба и ние сме добри пријатели, немам причина да бидам субјективен.

Тоа што го направи вчера Гатузо не му доликува на светски шампион и на тренер на Хајдук, ниту на странец во оваа земја. Тој не ги почитува оние кои коментираат натпревари. Без разлика на цинизмот на Јошко, кој не може да се искоментира, тој дава коментари со кои 90% од луѓето се согласуваат со тоа.

И сега Гатузо? Што му донесе Гатузо на Хајдук за парите што ги добива? Во клучен натпревар, против директен конкурент, ништо не придонесе. И тој се осмелува после таков пораз да му се заканува во студио. Имаше среќа што не бев таму, тоа немаше да биде добро за него. Не би дозволил никој да се заканува со прст“, рече Штимац.

По поразот од Ријека со 3-0, Хајдук падна на второто место во ХНЛ со два бода повеќе од лидерот од „Рујевица“.