Штерјовски прозиваше, Брегалница од Штип ги започнува подготовките за пролетниот дел 

Македонскиот второлигаш, Брегалница, од својот Штип ги започна подготовките за предизвиците од вториот дел од сезоната во ВМФЛ-Исток. 

На првата прозивка се јавија 22 фудбалери, свое отсуство пријавија повредените Оливер Христов и Бобан Атанасов, додека тренерот Зоран Штерјовски на располагање го имаше првото засилување, искусниот голман Горан Пашовски, кој од Беласица се пресели во Штип.

„Целта ги оправдува средствата. Ни требаше голман и сметам дека Пашовски е добро решение. Наша цел е второто место на табелата. Голманското место е доста чувствително за секоја екипа.. Ќе сториме сè, за да стигнеме до второто место“, рече Штерјовски.

Од денес фудбалерите на Брегалница тренираат двапати на ден, а од 4 февруари заминуваат на подготовки во Охрид, каде ќе одиграат пријателски средби со Лабуниште, Металац Ваљево, Србија и уште три екипи.