Шри Ланка со бизарни гласови: Александер-Арнолд најдобар, веднаш зад него е Обамејанг

Шри Ланка

Лионел Меси ја освои шестата „Златна топка", која вчера му беше доделена во Париз. Зад него заврши дефанзивецот на Ливерпул, Виргил Ван Дaјк, а на третото место се најде Кристијано Роналдо. По церемонијата беа објавени и официјалните гласови од сите новинари вклучени во изборот. 

Секоја година се наоѓа по некое фаворизирање на домашен или омилен странски играч или тим. Така оваа година полскиот претставник гласаше за Левандовски како најдобар играч. Сепак, најинтересно рангирање имаше новинар од Шри Ланка

Хафиз Марикар приматот му го додели на бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Иако младиот играч блесна минатата сезона, сепак премногу би било да се каже дека е најдобар играч во светот. Можеби инспирацијатана новинарот доаѓа по асистенцијата на Арнолд при победоносниот гол со Барселона во Лигата на шампионите. 

Она што е дополнителен куриозитет е дека тој во топ пет не ги смести ниту Меси, Ван Дајк и Роналдо. Според него втор најдобар играч е Обамејанг од Арсенал, а списокот го дополнуваат Гризман, Левандовски и Тер Штеген