Откриен „шпионот“ во Реал кој ги издава соиграчите кај тренерите?

Во соблекувалната на Реал Мадрид владее сериозна недоверба, а во центарот на вниманието се најде Винициус Жуниор.

Според информациите на „Мундо Депортиво“, дел од фудбалерите на „кралевите“ веруваат дека Бразилецот му пренесува информации на тренерскиот штаб кога ќе дојде до конфликти или тензии меѓу соиграчите.

Наводно, неколку играчи сметаат дека Винициус има улога на човек кој ги известува тренерите за случувањата во соблекувалната, што создало дополнителни поделби во тимот по турбулентната сезона. Атмосферата во мадридскиот гигант веќе подолго време не е идеална, особено по разочарувачките резултати во клучниот дел од сезоната.

Целата нервоза во редовите на Реал кулминираше на тренинг кога дојде до судир меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени.