Шпанските клубови ќе добијат половина милијарда евра за да не почувствуваат криза

Рубиалес

Фудбалската федерација на Шпанија ќе се обиде да им помогне на сите оние клубови кои поради кризата предизвиката од коронавирусот наидоа на големи финансиски проблеми.

Некои од нив се пред банкрот, а како одговор на тоа, РФЕФ е подготвена да обезбеди 500 милиони евра. Тие ќе ги искористат овие финансии за да излезат од кризата и да продолжат да функционираат нормално по крајот на пандемијата.

„Ние сакаме да им понудиме на екипите од Примера и Сегунда да излезат полесно од оваа криза. Разговаравме со неколку банки и во состојба сме да понудиме кредитна линија во вредност од 500 милиони евра на клубовите кои се борат и кои можат да парите да ги вратат во наредните четири, пет или шест години“, изјави првиот човек на федерацијата, Луис Рубиалес.

Дел од парите ќе завршат и кај аматерските машки и женски лиги, кои ќе поделат четири милиони евра.

Прекинот на фудбалските натпревари им скрати приходи од ТВ права на многу екипи, кои токму тие финансии ги користеа за покривање на платите на фудбалерите и останатите трошоци во сезоната.