Шпанските клубови го кренаа гласот – бараат санкции за Реал поради притисок врз судиите

На состанокот, прв од ваков вид во Шпанија, на кој присуствуваа претставници на сите прволигашки и второлигашки клубови, беше заземен ставот да се санкционира Реал Мадрид поради притисок врз судиите.

На состанокот не присуствуваа претставници на Реал Мадрид кои упатија јасна порака до судиската организација поради неодамнешните контроверзни одлуки на нивна штета на натпреварот со Еспањол.

По тој натпревар се крена огромна бура во шпанскиот фудбал. Реал Мадрид киксна на тој натпревар, судијата му покажа само жолт картон на домашниот дефанзвиец за прекршок врз Мбапе одзади, при контранапад, а Каталонците потоа постигнаа гол и победија, а сето тоа предизвика реакции во Мадрид.

Реал Мадрид излезе со остра изјава во врска со арбитражата, но објавата само придонесе за подигање на тензиите и предизвика бројни реакции кај другите клубови. Останатите клубови сметаат дека објавата на Реал Мадрид ја гледаат како чист притисок врз судиите, а некои ја сметаат за дрскост на клубот кој, како што велат, со години врши најголем притисок и влијание врз судиите.