• Горан Упале
Оваа сезона Брајан Сарагоса блесна во дресот на Гранада и важи за еден од најдобрите фудбалери во Примера, а благодарение на одличните игри си обезбеди трансфер од соништата.
Младиот офанзивец и официјално потпиша за Баерн Минхен. Шампионот во Бундеслигата беше најбрз и најконкретен во понудата и со 22-годишниот шпански репрезентативец потпиша петгодишен договор до 30 јуни 2029 година.
„Брајан Сарагоса е експлозивен, многу брз и исклучително пргав крилен напаѓач, кој може да игра на двете страни. Тој е непредвидлив, може да постигне гол и е многу добар во играта „еден на еден“.
Тој веќе го имаше своето деби за сениорската репрезентација за Шпанија оваа година и има многу потенцијал. Со нетрпение очекуваме да ни се придружи на лето“, велат од редовите на Баерн.
Сарагоса досега забележа 51 настап за Гранада, постигнувајќи 10 голови, од кои еден вечно ќе се памети – против Барселона од пред неколку седмици. Напаѓачот го имаше своето деби за сениорската репрезентација со Шпанија во победата од 2-0 над Шкотска во октомври во квалификациите за Европското првенство.