Шпанскиот суд му „помогна“ на Рубијалес, ништо од казната за бакнувањето на фудбалерките

Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, нема да добие долга забрана за извршување на неговата должност, иако беше во центарот на скандалот со бакнувањето на репрезентативката, Џенифер Хермосо. 

Повеќе институции и организации побараа оставка и сакнција за Рубијалес, а во случајот се вмеша и ФИФА која проценуваше дали тој ги прекршил етичките норми, но по сѐ изгледа, првиот човек на шпанскиот фудбал нема да биде санкциониран со одземање на претседателската функција. 

Високиот совет за спортови (ЦСД) побара казна за Рубијалес која ќе го спречи да извршува било каква спортска функција во период од две до петнаесет години, но Спортскиот и арбитражен суд во Мадрид не ја прифатил оваа сугестија и ја поништил кривичната пријава. Ова „дело“ е сега преиначено во „тежок етички прекршок“ и максималната казна за Рубијалес би можела да резултита со двегодишна забрана за работа во спортскиот сектор. 

Јавноста во Шпанија бара Судот да ја преиспита својата одлука и со евентуална поригорозна казна за Рубијалес, да испрати порака до сите дека секогаш мора да внимаваат на своето однесување, дури и во моментите кога се слави титула од Светското првенство за жени. Луис Рубијалес ја бакна во уста Џени Хермосо, а потоа ги гушкаше сите останати репрезентативки на шпанија, по што јавноста побара санкции за претседателот.