Шпански репрезентативец се храни како пештерски човек: Така живеам, така ќе умрам

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпанската репрезентација Маркос Љоренте јаде како пештерски човек. Станува збор за палеолитската исхрана, која подразбира конзумирање на храна која ја земале луѓето од времето на старото камено доба. Поточно, Љоренте јаде месо, овошје, зеленчук, риба, јајца, јаткасти плодови и слично.

Од друга страна, на пример, не јаде ориз, тестенини, леб, брашно, млечни производи, месни производи и рафинирани јаглехидрати. 

„Го јадам она што се јадело во палеолитот. Морав да ја елиминирам рафинираната храна, не можам ни да ја гледам, ниту житарките. Оваа диета е начин на живот. Вака живеам, вака ќе умрам. Тоа е за моето здравје, не само за фудбалот. Ќе се грижам за себе и кога ќе ја завршам кариерата“, изјави Љоренте.

Љоренте ги помина сите возрасти на Реал Мадрид и играше за резервниот и првиот тим. Накратко беше во Алавес, додека Атлетико го доведе во 2019 година за 30 милиони евра. Во Атлетико одигра 194 натпревари, постигна 27 и асистираше на 28 гола. За шпанската репрезентација има 18 настапи.