ВИДЕО: Шпанскиот хит е прв во Примера, Реал се справи со Лас Палмас

Екипата на Реал Мадрид на домашен терен успеа да слави над Лас Палмас (2-0) и така кралскиот клуб им се врати на победите во Примера по поразот во минатото коло против Атлетико Мадрид.

  • Реал Мадрид - Лас Палмас 2-0:

Избраниците на Карло Анчелоти ја оправдаа улогата на фаворит, но не оставија добар впечаток, посебно со играта во првото полувреме. За голот за водство „кралевите“ чекаа до екстра-времето во првиот дел кога реализира Брахим Диаз, а во вториот дел точка на триумфот стави Хозелу.

Хитот во шпанска Примера, екипата на Џирона, го победи Виљареал (2-1) и така скокна на првата позиција на табелата, нешто што тимот не го памети во историјата. „Жолтата подморница“ прва зададе удар и поведе преку Парехо во 49. минута, ама Довбик и Гарсија со два брзи гола во 56. и 61. минута го поставија конечниот епилог.

Во третиот натпревар во терминот од 19:00 часот, Атлетик Билбао и Хетафе одиграа 2-2.