Шпанскиот бек жестоко исвиркан во Минхен, причината е повеќе од позната!

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља беше пречекан со свирежи од германската публика во Минхен, во полуфиналниот натпревар на Европското првенство против Франција. 

Левиот бек на шпанската репрезентација остана во лошо сеќавање кај Германците, откако со рака блокираше шут на Мусијала во четвртфиналето, но судијата не досуди пенал за Германија.

„Ја допрев топката, вистина е, но во вакви ситуации има и судии кои одлучуваат дали е пенал или не... Секогаш ги почитувам одлуките на судијата, инаку може да се каже и дека Тони Крос заслужи да биде исклучен“, изјави Кукуреља по мечот со Германија .

Германците беа толку фрустрирани што започнаа петиција да се преигра натпреварот. 

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3