Шпански прволигаш испрати понуда за Миовски, но Абердин сака повеќе пари

Англискиот „Дејли Мејл“ пишува дека управата на Абердин одбила понуда вредна три ипол милиони евра за услугите на Македонецот Бојан Миовски

Понудата пристигнала од новиот шпански прволигаш, Еспањол, но истата била веднаш отфрлена од шкотскиот клуб, кој не би прифатил сума пониска од седум милиони евра. Нашиот центарфор е мета на повеќе клубови, како следни дестинации се споменуваат Болоња, Џирона и Торино, но Абердин сигурно нема веднаш да брза со продажбата и ќе чека понуда која ќе ги задоволи нивните барања. 

Бојан Миовски пред две сезони го засили шкотскиот клуб и досега постигна одличен учинок од 38 голови во сите конкуренции, а претходно играше за унгарскиот МТК од Будимпешта.